Дата: 25.05.2021 – 26.05.2021

 
Самиот настан е од хибриден и од регионален карактер, како најдобра комбинација на „off/ on-line“ содржина, а фокусот е на женското претприемништво. Овој настан ќе биде составен од отворање на пленарна сесија со презентации и панел дискусии, проследени со дводневни индивидуални виртуелни состаноци.
 
Главната цел на настанот е да се промовира женското претприемништво и нивниот иновативен пристап како одговор на пандемијата предизвиканa од КОВИД 19.
 
На овој настан ќе учествуваат говорници и експерти од релевантни институции и министерства, компании, академска заедница и невладини организации од Босна и Херцеговина и регионот.
 
 
За кои сектори е наменет овој настан:
  • Текстилна индустрија
  • ИКТ и телекомуникации
  • Производи и полупроизводи од метал, дрво и пластика
  • Инженеринг, дизајн и консултантски услуги
  • Градежна индустрија
  • Индустриски и градежни алатки и машини
  • Винарство, земјоделство и храна
  • Туризам, спорт и рекреација итн.
Организаторите на конференцијата ве покануваат да учествувате на конференцијата и состаноците на Б2Б, каде што претприемачите ќе имаат можност да се сретнат со потенцијални деловни партнери.
 
 
Како да се регистрирате: https://women-entrepreneurship-innovation-and-response.b2match.io/  Состаноците ќе се одржуваат виртуелно и ќе бидат договорени однапред преку оваа веб-страница. Учеството на настанот не се наплаќа. 
 
Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891