Состаноци во секторот на машинската индустрија – Воспоставете соработка со клучните чинители од машинската индустрија од Европа и пошироко!
 
Виртуелниот настан Machining Industry Meetings претставува меѓународен настан за вмрежување помеѓу претставници  од секторите на машинска обработка, производство на делови и алатни машининаменети за автомобилската и авио индустријата, медицина и други области. Настанот се фокусира на следните индустриски технологии и опрема: опрема за производство, периферна машинерија, адитивно производство, алатки за сечење, метрологијата, мерењето, автоматизација и роботизација, индустриски материјали, одржување и подизведба, развој на софтвер, стручни услуги. Настанот е отворен за  претставници на компании, лаборатории, истражувачки центри, кластери, инвеститори.
 
Зошто да учествувате:
  • Откријте нови производи и услуги и претставете  ги вашите проекти и производи на потенцијални деловни партнери
  • Запознајте и пронајдете меѓународни експерти и партнери за да разговарате за иновативни решенија и да развивате нови комерцијални, технолошки или истражувачки проекти
 
Како да се регистрирате: https://machining-industry-meetings-2020.b2match.io/
Состаноците ќе се одржуваат виртуелно и ќе бидат договорени однапред преку оваа веб-страница. Пријавувањето за состаноци е отворено за сите заинтересирани учесници од целните сектори: компании, лаборатории, истражувачки центри, кластери, инвеститори.
 
Учеството на настанот не се наплаќа. 


Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891