Oд контакти до договори
Овој настан дава единствена можност за сите учесници ширум светот да отворат нови можности преку деловно и технолошко партнерство, заеднички истражувачки проекти, инвестиции и сл. преку однапред закажани 1-1 состаноци. Големи компании, мали и средни претпријатија, истражувачки институции, јавни и приватни организации, здруженија и старт ап компании се поканети да учествуваат на настанот  што ќе се одржи од 4ти ноември до 6ти ноември 2020 година.
 
Овој модел на настан заштедува време и резултира со договори склучени со интернационални партнери!
 
Закажани се 20-минутни билатерални состаноци според достапноста, интересите и целите на секој учесник. Закажувањето на состаноци започнува од 21 септември 2020 каде преку платформата секој учесник ќе може да избере профили со кои би сакал да одржи состанок.
 
Фокус теми:
  • Обновлива енергија
  • Енергетска ефикасност
  • Дигитални технологии за интеграција
  • Оптимизација на енергетските системи
  • Алтернативна енергија
  • Заштеда на енергија
  • Складирање на енергија
  • Јаглен, нафта и гас
  • Електрични возила
  • Производство, пренос и конверзија на енергија
  • Нуклеарна енергија
 
Зошто да учествувате
  • Зголемете ја продажбата без да губите време и со најмалку буџет
  • Промовирајте ги вашите нови производи и зајакнете го вашиот статус на пазарот
  • Склучете прекугранични контакти и договори
  • Запознајте нови европски и меѓународни клиенти и добавувачи
  • Пронајдете нови деловни, технолошки и партнери за истражување
  • Презентирајте ги вашите иновативни решенија
  • Најдете партнери за меѓународни проекти
  • Добијте ги најновите новости во енергетскиот сектор
  • Проширете ја вашата мрежа
 
Како да се регистрирате: https://www.maabir.co/
Настанот ќе биде организиран преку платформа за закажување и одржување на состаноци/видео конференции за кои не ви е потребен дополнителен софтвер, туку само ажуриран веб прелистувач, микрофон и веб-камера.
 
Учеството на настанот не се наплаќа. 
 
Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891