Да се ​​најде вистинскиот партнер за деловно работење, производството, иновации и технологија сега е поважно од кога и да е во модната индустрија а особено во времето на КОВИД-19. Со програмата за модни вмрежување на  Enterprise Europe Network (EEN), им се помага на компаниите да пронајдат интересни компании и да ја зголемат својата  меѓународна мрежа со соодветни потенцијални партнери.
За кого е наменет настанот за вмрежување:
  • Трговија на мало, купувачи, платформи за продажба, дистрибутери и агенти за облека и модни додатоци
  • Сите компании кои се вклучени во производство на облека и модни додатоци како производители
  • Компании кои нудат услуга; како правен совет, фотографија, консултации за развој на деловна активност, логистика итн.
  • Модни дизајнери кои нудат облека и додатоци за различни сегменти.
Дали сте подготвени да запознаете меѓународни компании во модната индустрија? Придружете се и регистрирајте се сега!
Инспиративни сесии, информативни работилници и виртуелни 1:1 состаноци кои ветуваат стекнување знаење и нови деловни контакти
Виртуелниот настан за вмрежување обединува компании (купувачи, како и добавувачи) од Германија, Холандија и Белгија. Ова е единствена можност да стекенете нови деловни контакти и договори. Виртуелни состаноци ќе се одржат и ќе бидат договорени однапред со помош на оваа веб-платформа.
Зошто да учествувате
  • Како купувач - пронајдете квалификувани добавувачи за време на ефективни состаноци еден на еден
  • Како менаџер на пазарот/продажбата - пронајдете нови клиенти
  • Како развивач на нови производи - пронајдете партнери за да разговарате за новата технологија и иновативните решенија
Што добивате од овој настан?
  • Објавувајте и изложувајте ги своите производи, проекти, услуги или деловни потреби на учесниците на настанот
  • Иницирајте и организирајте виртуелни однапред закажани состаноци 1:1 на настанот
  • Запознајте нови контакти заштедувајќи време
  • Бидете чекор пред вашите конкуренти со тоа што ќе бидете видени и видливо присутни на настанот
Топ 5 цели за да го направите вашето учество успешно:
  • Запознајте ги партнерите и клиентите
  • Откријте нови производи и услуги
  • Подгответе набавки или проекти
  • Запознајте нови добавувачи
  • Добијте информации за најновите трендови
 
Како може да се учествува?

Заинтересираните лица кои сакаат да учествуваат на овој настан се поканети да се регистрираат на платформата на овој линк https://fashion-match-week-2020.b2match.io/
Настанот ќе биде организиран преку платформа за закажување и одржување на состаноци/видео конференции за кои не ви е потребен дополнителен софтвер, туку само ажуриран веб прелистувач, микрофон и веб-камера.
 
Учеството на настанот не се наплаќа. 

Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891