Ако се занимавате со модна индустрија и ако сте во потрага по нови контакти и меѓународни партнерства, не го пропуштајте го 5тото издание на  “TORINO FASHIONMATCH 2020”.  Настанот за вмрежување е организиран од страна на Unioncamere Piemonte како дел од Enterprise Europe Network (EEN), посветени на зближување на европските производители на мода и текстил за подобрување на можностите и трговските партнерства во изнаоѓање партнери за заеднички проекти, истражување на нови пазари како и споделување на знаење, идеи, иновации и инспирација.
 
Зошто да учествувате
  • За 4 години, настанот создаде релевантни успешни приказни  и им овозможи на клиентите да воспостават меѓународни контакти и деловни партнерства.
  • Настанот за вмрежување ќе ви помогне да сретнете потенцијални деловни и технолошки партнери во однапред закажани состаноци
  • Пронајдете ги потенцијалните деловни партнери со однапред закажани состаноци лице в лице
  • Иницирајте прекугранични контакти и соработка
 
За кого е наменет настанот за вмрежување:
  • Модни дизајнери
  • Познати модни брендови (облека/модни додатоци), старт ап компании
  • Текстилни компании за текстил и додатоци
  • Трговија на мало, дистрибутери, агенти за продажба, модни продавници
  • Платформи за е-трговија
  • ПР Агенции, маркетинг и деловни консултанти
  • Купувачи/трговски агенти
  • Универзитети/Институти за истражување и развој кои бараат нови партнерства

Како може да се учествува?
Заинтересираните лица кои сакаат да учествуваат на овој настан се поканети да се регистрираат на платформата на овој линк https://torino-fashionmatch-2020.b2match.io/  
Настанот ќе биде организиран преку платформа за закажување и одржување на состаноци/видео конференции за кои не ви е потребен дополнителен софтвер, туку само ажуриран веб прелистувач, микрофон и веб-камера.
 
Учеството на настанот не се наплаќа. Рокот за регистрација е до 30ти септември 2020.
 
Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891