Дата: 17/18 јуни 2020
ЛОКАЦИЈА: Виртуелен настан преку онлајн платформа:  https://milan-design-week-2020.b2match.io/
 

 
Одлична можност за виртуелни средби со  идни бизнис партнери овозможена преку виртуелен настан за вмрежување на компании.  Иницијативата WORTH, финансирана во рамките на програмата COSME, има за цел да создаде транснационални и интердисциплинарни соработки помеѓу модата, индустриските дизајнери, занаетчиите, производителите, технолошките компании како и старт-ап компании со цел развивање на уникатни производи во следниве сектори: мода и текстил, обувки, крзно и кожа, мебел и украси за дома, додатоци и накит.
Преку платформата, учесниците ќе имаат можност да испраќаат и примаат барања за состаноци, а потоа меѓусебно да се сретнат преку  интегрирана видео конференција (за која не е потребна инсталација) на 17 и 18 јуни 2020 година. Во моментот се пријавени учесници од 15 различни земји.

Како може да се учествува?
Заинтересираните лица кои сакаат да учествуваат на овој настан се поканети да се регистрираат на платформата до 12 јуни 2020 година на овој линк https://milan-design-week-2020.b2match.io/
Учеството на настанот не се наплаќа.
 
Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891