BOUA20190327001
Компанија од Украина лансира нов бизнис проект за мед со додатоци од бобинки, овошје, ореви и други здрави состојки, процесиран со посебна технологија. Производот е целосно природен и спакуван во стаклени садови од 200 и 250 мл, соодветен на интернационалните стандарди и регулации за пакување, квалитет, сигурност и продажба на храна на ЕУ.

За имплементирање на бизнис проектот, компанијата има потреба од инвестиција од 180 000 УСД кои ќе бидат наменети за набавка на суровини, етикети, прво производство, стандардизација на производство и процедури за експорт на производот. Периодот на враќање на исплатата е 17 месеци.

Се бараат компании или фондови за инвестирање, приватен капитал или партнери со кои ќе се воспостави финансиски договор за соработка со соодветен процент на профит. Останатите детали ќе бидат преговарани лично со заинтересираните страни.

Контакт лице:
Александар Филипоски
Емаил: aleksandar.filiposki@yes.org.mk  
Тел: +389 (0) 2 3108891