Дата: 15 април 2019    Локација: Солун, Грција

Technology Forum е еден од најголемите кооперативни настани во Солун кој во изминативе 5 години собира претприемачи, истражувачи и иноватори со цел презентација на технологии од информациско-комуникациската индустрија и наградување на најдобрите соработки помеѓу истражувачко-развојниот сектор и бизнис ИКИ заедницата.

Настанот за вмрежување кој ќе се одржи во рамките на форумот има за цел да ги промовира бизнис, технолошките и истражувачките партнерства и соработки преку поврзување на ИКИ заедницата од Грција, земјите од Југоисточна Европа и пошироко. Иновативни компании, универзитети, истражувачки центри и други организации активни во областа се поканети да ја прошират својата мрежа, истражат нови идеи и развијат можности за потенцијална соработка преку претходно закажани средби.

За учество на настанот за вмрежување задолжителна е претходна регистрација на Форумот (https://technology-forum.eu/).

За посебна регистрација на настанот за вмрежување и повеќе информации посетете го следниот линк: http://technologyforum2019.talkb2b.net/

Краен рок: 10 април 2019
 
Контакт лице:
Александар Филипоски
Емаил: aleksandar.filiposki@yes.org.mk
Тел: +389 (0) 2 3108891