Со цел да ги прошират постоечките мрежи, да развијат нови идеи и да остварат потенцијална бизнис соработка, иновативни компании, универзитети, истражувачки центри и останати организации активни во ИТ индустријата, на 17 мај во Солун се поканети да бидат дел на еден од најголемите кооперативни настани во овој вековен град -Technology Forum 2017 – Matchmaking Event.
Настанот цели за унапредување и поддршка на бизнис, технолошки и истражувачки партнерства помеѓу организации од ИТ сферата од Грција, Југоисточна Европа и пошироко.
Ова е нетворкинг настан кој претставува идеална платформа за идентификување и остварување на технолошки и бизнис партнерства преку претходно договорени состаноци. Едноставно, потребно е да се регистрирате онлајн, да се презентирате себе си, вашата компанија , организацијата или технологијата која ја претставувате,  и да изберете партнер со кој имате интерес да се состанете. Колку порано го поставите вашиот профил, толку поголема видливот ќе остварите. Во моментот, пријавени учесници има од следните земји: САД, Белгија, Бугарија, Македонија и Грција!
Еднодневниот настан таргетира претприемачи, истражувачи, стејкхолдери и останати заинтересирани кои имаат интерес за споделување на нови идеи и креирање на нови бизнис партнерства со цел за:
- Наоѓање купувачи или создавање на нови партнерства;
- Градење на партнерства за идни повици за финансирање;
- Наоѓање на партнери за развој на нови технологии.
 
Регистрирајте го вашето учество најдоцна до 10. 05. 2017. 
Учеството на настанот не се наплаќа!
Настанот се организира во рамки на Европската мрежа на бизнис можности.

За сите детални информации кликнете овде.