Датум: 14-15 февруари 2019   Место: Диселдорф, Германија
 
По 10ти пат, истражувачи и претприемачи од Северна Рајна-Вестфалија и други региони во Европа и годинава се поканети да земат учество на Successful R&I in Europe 2019 и пронајдат нови европски R&I партнери за Хоризон 2020 проекти.

Во рамките на конференцијата ќе биде одржан настан за вмрежување наменет за универзитети, истражувачки институти како и мали и средни претпријатија со цел вклучување во веќе постоечките но и во нови технолошки мрежи помеѓу истражувачи и претприемачи поврзани со Хоризон 2020 програмата.  

За време на настанот ќе се одржат паралелни работилници на 7 различни тематики: Информациски и комуникациски технологии, Нанотехнологија, Материјали и производство, Енергија, Циркуларна економија, Науки за живите организми, Транспорт, Иновативни набавки.

Надомест за учество: 120 € (95 € -ден). Краен рок за регистрација: 7 февруари 2019

За повеќе информации: horizon2020.zenit.de/  
 
Контакт лице:
Александар Филипоски
Емаил: aleksandar.filiposki@yes.org.mk
Тел: +389 (0) 2 3108891