RDFR20181220001
Компанија од Франција која работи на изработка на јавни, компост тоалети кои го користат методот на црви паразити подготвува предлог проект за втора фаза од МСП Инструмент програмата.

Компанијата работи на иновативен проект кој цели да развие суви тоалети без непријатен мирис , добро интегрирани во повеќекатници, без оглед на бројот на нивоа. Освен тоа, целта на проектот е да развие сув тоалет со технологија која се состои од трансформирање на отпадот (фекална материја, урина) во ресурси за урбано земјоделство и градинарство, избегнувајќи употреба на хемиски ѓубрива.

За да се комплетираат вештините и технологиите потребни за развој на проектот, на компанијата и се потребни различни партнери преку кои ќе соработува во рамките на проект преку договор за истражување и развој. Посакуваниот партнер треба да биде:  

- приватна лабораторија или компанија од микробиологија која треба да работи на валоризација на фекалните материи;
- компанија од областа на урбаното земјоделство со вештини во агрономија која треба да работи на здравствени проблеми, конзервација и квалитет на исхраната поврзани со валоризацијата на фекалните материи.

Рок на повик: 3 април 2019 година

Краен рок за изразување интерес од потенцијални партнери: 20 март 2019 година

Траење на проектот: 24 месеци.
 
Контакт лице:
Александар Филипоски
Емаил: aleksandar.filiposki@yes.org.mk  
Тел: +389 (0) 2 3108891