Шпанска компанија активна во земјоделскиот сектор има развиено сонда која екстрахира почва за анализа во лабораторија. Компанијата има потреба од соработник со кој ќе развие сензор со цел да биде вграден на сондата и да овозможи континуирано мерење на физичко-хемиските параметри.
Моментално сондата може само да извлече почва која се носи и се анализра во лабораторија, па компанијата има намера да вгради сензори со кои ќе се продлабочи функцијата на производот и ќе може постојано да анализира параметри како што се PH, електрична спроводливост, температура и главни хранлизи материи како азот, фосфор, калиум, натриум, хлор итн.
Посакуваниот партнер треба да биде компанија или истражувачки центар кој има искуство во развој, дизајн и имплементација на нови сензори за мерење во теренски услови. Партнерската компанија треба да биде во можност да развие и произведе микросензори за мерење на физичко-хемиските параметри, во почва или во затворен простор со мали димензии.
 
Контакт лице: Александар Филипоски (aleksandar.filiposki@yes.org.mk)
 (Реф. број TRES20170310001)