Место: Софија, Бугарија
Дата: 07-09 април 2020
 
SeeSUSTAINtec 07-09 април 2020, Софија, Бугарија
Саем и форум за одржливи технологии за Југоисточна Европа
Енергетска ефикасност и обновливи извори || Паметни градови  || Управување со отпад и рециклирање || Квалитет на воздух
 
seeSUSTAINtec е исклучителен настан во Бугарија кој успешно ги комбинира клучните теми како што се управување со отпад & рециклирање, енергетска ефикасност & обновливи извори, паметни градови и квалитет на воздух. Со 15 години фокусирана работа и стручна позадина има за цел да донесе повеќе иновации во регионот и да дистрибуира знаење за животната средина што ќе инспирира чинители во индустријата за одржливи промени.
 
Настанот им овозможува на странските производители и на локалните компании најдобра платформа за промоција на своите производи и контакти во живо со нови клиенти и партнери од Југоисточна Европа. На настанот ќе бидат претставени бројните предности кои произлегуваат при имплементација на нови решенија, како што е претворањето на отпадот во вредни ресурси, помош при заштеда и производство на чиста енергија како и овозможување на паметни градови и поврзување.
 
На саемот ќе има претставници од Австрија, Белгија, Бугарија, Германија, Италија и Швајцарија.
Настанот е наменет за менаџери, претприемачи, експерти за маркетинг и продажба, консултанти и специјалисти кои работат во следните сектори: автоматизација, електроника;  архитектура, градежништво; здруженија и невладини организации; земјоделство и шумарство; заштеда на енергија; инженерство и инсталација;  животна средина; финансирање и инвестиции; прехранбена индустрија;  греење и климатизација; ИТ и телекомуникации; рециклирање; транспорт, логистика; управување со отпад
 
Повеќе информации за настанот и како да се регистрирате може да најдете на следните линкови: SeeSUSTAINtec
EE & RES || Smart Cities || Save the Planet   
Media partners || Partners || Leaflet ||  e-Newsletters  ||   Post event Report 2019
 
 
Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891