TOES20190320001
Шпанска компанија развива сет од софтверски  компоненти за надзор и мониторинг на индустриски, енергетски и паметни процеси кој ги интегрира сите расположливи извори на информации, процеси коа примаат сигнали и нудат алатки за анализи во оперативниот процес на носење одлуки. Собраните податоци се обработуваат според дефинирани бизнис правила кои генерираат нови вредности и форми на презентација, нудејќи зголемена и постојана бизнис вредност. Целта е да се добие централизирана информација преку единствена, мобилна платформа. Секој корисник ќе добие достапност до специфични и персонализирани информации кои би помогнале во процесот на одлучување и би ја зголемиле продуктивноста на компанијата.

Компанијата е заинтересирана за зацврстување на своето интернационално присуство преку склучување на долгорочна соработка за услуги и техничка соработка со партнери со искуство, широко познавање на пазарот и добри контакти.
 
Контакт лице:
Александар Филипоски
Емаил: aleksandar.filiposki@yes.org.mk  
Тел: +389 (0) 2 3108891