BODE20190327001
Германско МСП специјализирано за имунолошко-онколошка дијагностика нуди иновативно и патентирано решение за преглед- крвна анализа со цел рано откривање на рак предизвикан од ХПВ. Оваа ин-витро дијагностика овозможува скрининг на целото тело во само неколку минути,преку една капка крв и е првата комерцијално достапна метода за специјализиран преглед за карциноми предизвикани од ХПВ.
Со цел комерцијализација на производот, се бараат европски партнери со кои ќе биде склучен договор за дистрибуција и ги исполнува следните критериуми:
- компанија од областа на дистрибуцијата на медицинска дијагностика,
- постоечки систем за менаџмент на квалитет,
- искуство со ХПВ дијагностика и сексуално преносливи болести,
- поврзаност до научници/лидери од областа на медицината и образованието
Контакт лице:
Александар Филипоски
Емаил: aleksandar.filiposki@yes.org.mk
Тел: +389 (0) 2 3108891