RDBG20180309001

Бугарска компанија заедно со партнери од Норвешка, Белгија и Португалија подготвуваат предлог под повикот H2020-LC-SC3-EE-9-2018-2019 "Иновативно финансирање за инвестиции во енергетска ефикасност". Тие ќе развијат и дистрибуираат нова алатка за евалуација и финансирање на проекти за енергетска ефикасност. Проектот е заснован на веќе постоечки финансиски инструмент кој ќе биде прилагоден на крајните корисници. Потребните партнери се: искусен координатор во Хоризонт 2020 и банка која ќе ги провери функционалностите на алатката.

Проектот нуди развој на стандардизиран, лесно разбирлив, функционален софтвер, кој финансиските институции можат да го користат за евалуација и управување со проекти за енергетска ефикасност. Банките активно не учествуваат во оваа област поради тешкотии во разбирањето. Техничките пресметки и терминологија се софистицирани и скапи се  проценките за ризиците, економските придобивки, реалните ефекти и изворите на профит.

Проектот ќе се справи со овој предизвик со обезбедување на стандардизирана методологија за проценка за финансирање на енергетската ефикасност, заедно со прилагодена софтверска платформа за побрза, поефикасна и поевтина евалуација во однос на трансакционите трошоци.
 
Контакт лице
Александар Филипоски
Email: aleksandar.filiposki@yes.org.mk