BRRO20201008001
 
Компанијата се занимава со дистрибуција на романскиот пазар на следните производи: челични столици, лежалки, челични и синтетички влакна за зајакнување на бетон што се користат во градежната индустрија. За да ги исполни зголемените потреби на градежниот сектор во Романија, компанијата бара нови партнери  чиишто производи ќе ги дистрибуира на локалниот пазар.

И покрај пандемијата, романскиот индустриски пазар е многу активен. Како резултат на тоа, побарувачката за специфични материјали е постојано висока.  Компанијата e  во можност да плати однапред, за да развие доверлива деловна врска. Земајќи го ова предвид, компанијата има намера да ја прошири својата активност со барање нови деловни партнери од областа на градежните материјали, а коишто поседуваат соодветен капацитет за испорака на потребните компоненти, во бараните количини и време.
 
Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891