Реф. број: BOPL20160906002
 
Компанија од Полска специјализирана за производство на вафли од пченица и ориз со  природни состојки во 3 различни вкусови (природен вкус, зрна и алги) бара дистрибутери.
 
Вафлите се 100% природни бидејќи во процесот на производство не се додаваат никакви адитиви, конзерванси и бои. Една крцкава вафла без додаток на шеќер содржи само 19 калории, што ја прави идеална закуска во текот на денот. Производот содржи сложени јагленохидрати кои се примарен извор на енергија и се неопходни за физичка и ментална активност. Создадени за луѓе кои се грижат за здрав начин на живот, за луѓе кои се на диета и за сите кои се грижат за исхраната. Производот има многу висока содржина на диететски влакна добиени од тврда пченица и ориз. Вафлите се печат без употреба на бел шеќер, млеко и маснотии и се погодни за вегани и вегетаријанци. Пакувањето содржи 12 парчиња и тежи само 62 грама.
 
Компанијата има потреба од соработка со дистрибутери со цел производот да се најде на странски пазари.
 
Контакт лице:
Eмилија Митевска
emilija.mitevska@mir.org.mk