Датум: 11-12 јуни 2019               Локација: Сараево, Босна и Херцеговина

Агенцијата за развој на економскиот регион Сараево во соработка со Enterprise Europe Network во БиХ и поддршка од многу интернационални организации и бизнис агенции од ЕУ и регионот го организираат настанот за бизнис поврзување во рамките на ENERGA 2019, 9-тиот интернационален саем за енергија, рударство, заштита на животната средина и други поврзани области (11-13 јуни 2019).

Настанот за бизнис поврзување ENERGA b2b 2019 ќе се оддржи на 11-12 јуни 2019 во центарот Скендерија, Сараево и ќе понуди дополнителна поддршка за компаниите да пронајдат интернационални партнери на саемот, според нивните потреби и интереси, и да остварат потенцијална, идна соработка.

Тематските фокуси на настанот за поврзување се следните:
  • Енергија
  • Електрика/Електроника
  • Рударство
  • Животна средина
  • Метал и машинерија
  • Градежништво и градежни материјали
  • Инжинерство, дизајн и консултации
  • Женско претприемништво

Учеството на настанот е бесплатно а официјалниот јазик е англискиот.

Линк за регистрација: http://www.energa2019.talkb2b.net/

Рок за пријавување учество на настанот: 10 јуни 2019

Закажување б2б средби: 3-10 јуни 2019
 
Контакт лице:
Александар Филипоски
Емаил: aleksandar.filiposki@yes.org.mk
Тел: +389 (0) 2 3108891