Датум: 4 јули 2019            Локација: Даблин, Ирска
Бесплатниот интернационален 1-дневен настан за вмрежување за ИКТ, напредни материјали и производство ќе ги претстави активните повици , моменталните разбирања и очекувања од Европската Комисија, истовремено нудејќи можност за уникатно интернационално поврзување и потенцијална успешна соработка.

Програмата на настанот ќе вклучи презентации на Европската Комисија, Националниот контакт центар и висок претставник на Ирскиот производствен истражувачки центар, каде ќе се понуди единствена можност за промовирање и презентација на идеи и експертиза пред водечките истражувачки организации и иноватори од индустријата.
 
Главни теми на настанот:
  1. Н2020 ажурирања
  2. Теми за следните повици од Н2020 за 2020 година:
  • Нанотехнологии
  • Напредни материјали
  • Напредно производство
  • Био-технологија
  • Вештачка интелегенција и Дигитализација на европската индустрија и економија
  • Big Data & Cloud Technologies
  • 5G
  • Next Generation Internet

Настанот е наменет за МСП, поголеми компании и истражувачки организации од Ирска и Европа. Учесниците на Б2Б средбите се обврзани да ги посетат утринските сесии. Регистрациите за учество ќе подложат на валидација од страна на организаторите и соодветните ќе добијат потврда да учество.

Регистрација: https://h2020-ict-nmbp-dublin-2019.b2match.io/

Краен рок: 1 јули 2019
 
Контакт лице:
Александар Филипоски
Емаил: aleksandar.filiposki@yes.org.mk  
Тел: +389 (0) 2 3108891