BRIT20190301001
Италијански иновативен старт-ап дизајнира и патентира нов вид на чадор, целосно направен од технички полимер кој гарантира истрајност и мала тежина, еколошка одржливост, можност за рециклирање и персонализирање. Покрај фабриката во Кина, компанијата е заинтересирана за нов партнер од Источна Европа, со производствено искуство во пластичниот сектор како и искуство со процесите на сечење и шиење, со кој би се склучил договор за производство на чадори наменети за европските пазари.

Идеалниот партнер исто така треба да има искуство во истражување и развој на пластични производи со цел полесна и успешна соработка за понатамошното развивање на производот. Опцијата за заедничко вложување на повеќе производствени партнери со цел зголемување на инвестицијата и подобрување на положбата на компанијата исто така се зема предвид.
 
Контакт лице:
Александар Филипоски
Емаил: aleksandar.filiposki@yes.org.mk  
Тел: +389 (0) 2 3108891