BRRO20180131003
Романски јазичен центар кој нуди курсеви и персонализирани часови по германски и англиски јазик бара европски партнери – центри, институции или организации за тренинг и едукација кои можат да понудат летни јазични курсеви за деца, тинејџери, возрасни и семејства.

Покрај курсевите, центарот го организира и Cambridge English испитот за деца, тинејџери и возрасни како и врши подготовка за испити, советување и др. слични услуги.

Бараниот партнер за соработка е европска институција која би понудила целосна организација на летна јазичка школа за англиски и германски јазик, вклучувајќи и социјална и културна програма, интерактивни активности и патувања. Едукативната и социјално-културната програма треба да се наменети за различни возрасни групи и активностите за учење да се креативни, иновативни и да ги развијат комуникациските и имагинативните потенцијали на студентите. Посети на локални институции (музеи, театар) како и практикување спортови треба да бидат вклучени во социо-културната и забавна програма. Потенцијалните партнери треба исто така да се погрижат и за организација на сместување, исхрана и локален транспорт за групите во посета на летната школа.
 
Контакт лице:
Александар Филипоски
Емаил: aleksandar.filiposki@yes.org.mk
Тел: +389 (0) 2 3108891