TOIT20190402001
Иновативен италијански произведувач на патентиран мебел за домови и болници разви и патентира воздушен душек со вградена технологија за вентилација. Технологијата за вентилација е повеќенаменски систем кој може да се интегрира во постоечки душеци или да биде понудена како самостојно решение кои ќе се постави врз постоечки душеци, да се вгради во кревети, каучи, столици и други видови на мебел.
Се бараат партнери за повеќе видови на соработка. За договор за лиценцирање се бараат компании- произведувачи на кревети, душеци и сл. кои се заинтересирани за лиценцирање на патентираната технологија за вентилација за потребите во различни индустриски области. Во случај на договор за заедничко вложување или договор за истражувачка соработка, компанијата е подготвена за соработка за ко-развивање и ко-дизајнирање на нови производи кои ќе ја вклучуваат технологијата за вентилација, преку лиценцирање на истата од страна на индустрискиот партнер, кој би бил произведувач на мебел со веќе постоечка мрежа во областа како и поврзаност со внатрешен дизајн и продажба на мебел на хотели, здравствени установи/спа, велнес и фитнес центри, домови за нега на стари лица и слично.
Контакт лице:
Александар Филипоски
Емаил: aleksandar.filiposki@yes.org.mk
Тел: +389 (0) 2 3108891