Дата: 10 април 2018
Локација: Мостар, Босна и Херцеговина 
Краен рок за регистрација: 3 април 2018
 
Интера Технолошкиот Парк во Мостар организира меѓународни Б2Б средби на првиот ден од саемот Мостар на 10 Април 2018 година со почеток во 15 часот на првиот кат на Комора 1 (административна зграда). Според бројот на излагачи и посетители Мостар саемот е најуспешната деловна изложба во Босна и Херцеговина. Б2Б средбите се можност за наоѓање потенцијален добавувач, клиент или партнер за воспоставување прекуграничната соработка.
 
 
Главни сектори
  • ИКТ и телекомуникации
  • Производи и полупроизводи од метал, дрво и пластика
  • Инженерство, дизајн и консултации
  • Градежништво
  • Енергетика
  • Возила и превозни средства
  • Индустриски и градежни алатки и машини
  • Вино, земјоделство и храна
  • Туризам, спорт и рекреација
  • Банкарските услуги, инвестициите и пазарот на недвижности
  • Професионална литература и списанија
  • Производи за широка потрошувачка
  • Малопродажба
 
Процедура
  • Регистрирајте се и креирајте профил за соработка
  • Погледнете ја листата на учесници и закажете средби со компании за кои сте заинтересирани
  • Една недела пред настанот ќе добиете распоред на состаноци
 
Учеството е бесплатно. Краен рок за регистрација 3 април на http://mostar.talkb2b.net/