RDES20190122001
Шпански истражувачки центар од областа на земјоделството и сточарството подготвува предлог- проект за повикот H2020-FETOPEN-01-2018-2019-2020: FET-Open Challenging Current Thinking. Целта на проектот е да се развие модел на 3D клеточна култура на женскиот репродуктивен систем (човечки, говеда, свињи и кучиња) кој ќе ги подобри репродуктивните перформанси и здравје кај човекот и животните. Овој предлог-проект ќе обезбеди алтернативи за тестирањето на животни, ќе ја зголеми ефикасноста на третманите за женска неплодност (вклучувајќи и кај човекот) и ќе го подобри животинското производство.

За потребите на проектот, шпанскиот истражувачки центар бара мали и средни претпријатија од областа на инженерство на репродуктивно ткиво во 3Д кои ќе ги извршуваат следните задачи во проектот:

- Развој на нов наноматеријал за 3D клеточна култура на цицачи
- Развој на платформи (т.е. микрофлуидни чипови) за 3Д повеќеклеточен систем на култура
- Развој / known how transfer -обука на аналитичката алатка компатибилна со примероци во опсег „nm“.
 
Контакт лице:
Александар Филипоски
Емаил: aleksandar.filiposki@yes.org.mk  
Тел: +389 (0) 2 3108891