BRFR2021216002

 
Француска компанија има 10 вработени и веќе соработува со клиенти и добавувачи во странство. Тие изработуваат чадори за сонце, поседувајќи некои патенти што им даваат конкурентска предност на дизајнот и сигурноста на нивните производи.
 
Тие би сакале да најдат европски партнер за да можат да имаат сигурен и долготраен добавувач на ткаенини за чадори за сонце затоа,  бараат снабдувач или компанија/подизведувач за шиење, монтажа и сечење што може да  направат  високо квалитетен готов производ.
 
Добавувачот на техничка текстилна ткаенина треба да може да одговори на следниве критериуми:
 
- Ткаенината треба да биде изработена од ПОЛИЕСТЕР, полиетилен со висока густина или акрил. Другите иновативни материјали се добредојдени.
- Тежината треба да биде помеѓу 200 и 250 грама на квадратен метар
- Висока соларна заштита (Фактор на УВ заштита 50+)
- Водоотпорен (30ммВС)
 
Добавувачот треба да има можност да обезбеди ткаенини кои одговараат на овие критериуми. Произведените количини може да варираат со време од 500 до 5 000 единици и снабдувањето може да варира соодветно.

 
 
Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk 
Телефон: +389 (0) 2 3108891