BOFR20180216001

Француска компанија ги нуди своите високо професионални технички услуги и сервиси од областа на електромагнетната, термалната и механичката анализа и дизајн на конвенционални и неконвенционални електрични мотори и генератори на продажни агенти од истиот сектор во земјите од Европа.

Оваа компанија нуди технички одговори прилагодени на барањата на клиентот кои можат да бидат точни совети, груба евалуација на „turnkey“ проекти: физибилити студии, инженерство и дизајн работа, управување со проекти (вклучувајќи производство на прототипови и системска интеграција), патент консултации и поддршки, библиографски истражувања, карактеризација на мек феромагнетски материјал итн.

Бараните агенти за продажба ќе ја зацврстат мрежата на компанијата и ќе ги прошират услугите на компанијата како интегратор или производител во секторот на електрични погони или електромагнетни решенија.

Контакт лице:
Александар Филипоски
Емаил: aleksandar.filiposki@yes.org.mk  
Тел: +389 (0) 2 3108891