RDRO20180803001
 
Романско претпријатие за истражување, развој и иновации од областа на информациските и комуникациските технологии со големо искуство во јавно- финансирани проекти (FP7, Horizon 2020) бара партнери за истражување и развој на модерна менаџмент платформа за лозарство во склоп на проектот Еуростар.

Бараниот партнер/координатор треба да биде истражувачко-развојна организација или претпријатие активно во доменот на земјоделството/лозарството/фармери/енолози/математичари со кој ќе се работи на предлог проектот за развивање на модерна менаџмент платформа за телеметрија и телемониторинг на лозови насади и продуктивниот циклус на високо квалитетните вина во подрумите.

Исто така, партнерите треба да бидат од земја соодветна за ЕУРЕКА проектот со искуство во процесот на производство на вино. Нивниот придонес ќе биде фокусиран на развој на производниот менаџмент и контрола на производниот процес од самиот почеток на набавка на грозје до финалното флаширање за пазарот.
 
Контакт лице:
Александар Филипоски
Емаил: aleksandar.filiposki@yes.org.mk
Тел: +389 (0) 2 3108891