Датум: 14-16 мај 2019    Локација: Манчестер, Велика Британија

„Еурека“ глобалниот самит за иновации 2019 е интернационален настан за споделување знаење, вмрежување, колаборација и остварување потенцијална, идна соработка и партнерство кај бизнисите и иновациските агенции. Интернационални бизниси ќе им се приклучат на иновациските агенции, истражувачки организации и креатори на политики со цел споделување и размена на уникатни идеи, практични совети, инспиративни приказни и заеднички решенија.

Настанот е бесплатен со претходна регистрација на следната платформа: https://www.egis2019registration.org/
Повеќе информации: https://www.eurekanetwork.org/
 
Контакт лице:
Александар Филипоски
Емаил: aleksandar.filiposki@yes.org.mk
Тел: +389 (0) 2 3108891