BODK20230615012
Данска развојна консултантска фирма, специјализирана за еколошки и хемиски сензори за гас, интернет на нештата и дигитализација на собирањето податоци, бара партнери на кои им е потребна поддршка за развој на системи за следење на животната средина и гас и интеграција во облак на такви системи, вклучувајќи управување со уреди, контролни табли и визуализација на податоци. Предвидената соработка може да биде во форма на под-договор или договор за заедничко вложување.
 
Компанијата е заинтересирана да соработува со:
  • Партнери на кои би можеле да им бидат добавувач или подизведувачи за давање услуги за сензори
  • Комерцијални партнери кои би можеле да обезбедуваат проекти локално, а данската компанија би го испорачала техничкото решение
  • Универзитети и истражувачки институции кои имаат потреба од сензорска опрема
  • Партнери кои треба да ги документираат и следат нивните еколошки иницијативи во градовите или при други примени
  • Партнери од градежниот сектор кои би сакале да ги следат локациите за градење/рушење и загадувањето што доаѓа од нив
  • Градските совети кои би сакале да го следат нивото на загадување во нивниот град.
 
Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk 
Телефон: +389 (0) 2 3108891