BOBG20190226001
Динамична и модерна компанија од Бугарија, специјализирана во производство на високо-квалитетен конзервиран зеленчук и овошје бара интернационални партнери за соработка и проширување. Компанијата има долгогодишно искуство, големи производствени капацитети и ги исполнува модерните стандарди за квалитет. Понудениот асортиман вклучува доматна паста, лутеница, паштети, стерилизирани производи, џемови и сосови, подготвени од еколошки чисти и рачно селектирани суровини преку проверени, класични рецепти.

Бараните партнери за дистрибуција може да бидат ланци за храна, ланци на супермаркети, големи продавници и слично, кои ќе ја промовираат компанијата и ќе ги продаваат производите на ЕУ пазарите и пошироко.

Вториот вид на понудена соработка и партнерство е договор за долгорочно производство на нови производи кои партнерите би ги нарачувале од Бугарската компанија, регулирана преку производствен договор.
 
Контакт лице:
Александар Филипоски
Емаил: aleksandar.filiposki@yes.org.mk
Тел: +389 (0) 2 3108891