Датум: 27 март 2020
Локација: Szczecin, Полска
Enterprise Europe Network по 11ти пат го организира настанот за вмрежување
BUD-GRYF & HOME Matchmaking, како дел од саемот
BUD-GRYF & HOME 2020. Со години овој настан претставува најголем бизнис настан во регионот, привлекувајќи многу претставници од секторот градежништво, архитекти и индивидуални инвеститори кои бараат нови технологии, материјали и решенија.
На настанот се очекуваат голем број на компании од Европа и претставува одлично место за презентирање на вашата компанија како и за пронаоѓање на потенцијални партнери за деловна соработка. Подгответе се за голем број на однапред договорени состаноци со претприемачи од цела Европа и презентирајте ја вашата компанија.
Настанот ги вклучува следните сектори:
- Градежни материјали
- Машини и алати
- Материјали за завршна обработка за изградба и внатрешна декорација
- Обновлива енергија и конвенционални извори на енергија
- Геодезија, картографија, дизајнирање
Повеќе информации за настанот може да најдете на: https://budgryf2020.b2match.io/
Регистрација за настанот е задолжителна и се реализира преку следниот линк: https://budgryf2020.b2match.io/signup
Учеството на настанот не се наплаќа.
Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891