24 – 26 јануари 2018 / Будимпешта
Ова е најголемиот саем во Унгарија за земјоделскиот сектор. На настанот во 2017 година имаше 350 изложувачи на 40000 квадратни метри и 45000 посетители. Ова е единствена можност да создадете нови деловни контакти и договори. На овој настан ќе имате можност да закажете состаноци со делегати кои се од ваш интерес.
Ги покануваме компаниите од следните сектори:
  • Земјоделски сектор
  • Технологија за обработка на овошје и зеленчук
  • Земјоделски инпути (семиња, ѓубрива)
  • Агро-информатика
 
Зошто да учествувате?
  • Како купувач имате можност да најдете квалификуван европски добавувачи
  • Како менаџер на продажба имате можност да пронајдете нови европски клиенти
  • Како развивач на производи имате можност да пронајдете партнери за да разговарате за нови технологии и иновативни решенија.
 
Присуството на овој настан е бесплатно, по претходно закажани состаноци
За B2B учесниците, обезбедуваме бесплатен ваучер за саемот. По регистрацијата на веб-страницата  https://agromash.b2match.io/ ќе им испратиме линк до бесплатниот ваучер.
Повеќе за настанот : https://agromash.b2match.io/home
 
Лице за контакт:
Емилија Митевска
emilija.mitevska@mir.org.mk