Компанија од Велика Британија има потреба од сензор технологија која овозможува следење на нивото на водата и квалитетот на канализациската вода во реално време за да се овозможи подобро управување со отпадните води. Потребната технологија би требало да ги замени камера системот и системот за тестирање на канализациските води. Технологијата треба да биде со ниска цена за одржување и ефикасна во мерење на нивото на водата и квалитетот. Од особена важност е следењето на овие параметри во реално време со цел подобро предвидување на големи количини на вода заради избегнување и спречување на излевање на отпадни води преку избирање на локации каде излевањето би имало најмало влијание врз животната средина.

Компанијата има потреба да соработува со фирми, универзитети и истражувачки центри кои поседуваат или имаат капацитети да развиваат ваков тип на технологии која треба да биде тестирана и ставена во употреба.