TRAL20170328001
 
Албанска компанија лоцирана во Тирана која повеќе од 25 години работи со производство и прецесирање на злато и сребро бара партнери за комерцијална соработка со техничка поддршка.
Со цел ефикасно зголемување и проширување на производството според побарувачката на клиентите, компанијата бара странски партнери кои би понудиле технолошка линија/машинерија за обработка на злато и сребро и моделирање на персонализиран накит. Партнерската компанија треба да биде во можност да  обезбеди техничка поддршка при користење на новата технологија со цел да се зголеми бројот на модели и дизајни на производи со што навремено ќе се задоволат потребите на клиентите            за пониска цена.
 
Широкиот спектар на производи кои оваа компанија ги нуди вклучува персонализирани и рачно изработени прстени, ланчиња, обетки, рачни часовници, нараквици и сл. накит поради чиј квалитет е добро позната и признаена на пазарот.
 
Контакт лице:

Александар Филипоски
aleksandar.filiposki@yes.org.mk
Phone: +389(0)23108891