Датум: 24 - 26 мај
Локација: Париз, Франција
 
Иновативни компании заинтересирани за учество на претстојната конференција Viva Technology Paris 2018 имаат можност да добијат влезница во вредност од 490 евра.
 
Од 24 до 26 мај ќе се одржи Viva Technology Paris, интернационална конференција за технологии која има за цел на едно место да ги поврзе европските инвеститори, иновативни компании и успешни корпорации. Конференцијата ќе понуди:

 
  • Претставување на најновите трендови во технологијата
  • Инспиративни говори и семинари: VivaTech вклучува можности за учење од други компании за нивниот процес на раст и / или иновации, како и можност за присуство на меѓународни деловни терени и мрежи.
  • Можност за одржување состаноци со инвеститори и големи компании кои се закажуваат преку преку веб страната на VivaTech како и преку мобилната апликација на конференцијата.
 
Сите компании заинтересирани за можноста да добијат влезница во вредност од 490 евра за конферецијата треба да ги испратат следниве информации на англиски најдоцна до 8 мај на aleksandar.filiposki@yes.org.mk:

 
  • Име на компанијата
  • Вебсајт, е-мејл и контакт телефон
  • краток параграф со опис зошто компанијата е посакуван кандидат за учество на Viva Tech.
Изборот на компании кои ќе добијат влезница ќе го направи Европската извршна агенција за мали и средни претпријатија.