Дата: 02.03.2021 – 03.03.2021
Не пропуштајте шанса да разговарате директно со идниот деловен партнер!
 
Virtual – Qatar Matchmaking event 2021 е настан кој се организира по втор пат од ЕЕН Катар и Катарска банка за развој со цел обезбедување на простор за врвни катарски производители и меѓународни дистрибутери, потенцијални партнери и бизнисмени да разговараат и да развиваат потенцијални партнерства.
 
Од своето основање во 2020 година, настаните организирани за вмрежување дел од  Банката за развој на Катар привлекуваат над 500 учесници, со над 300 состаноци одржани до денес со поддршка на мрежата за вмрежување. И оваа година овој настан за вмрежување претставува виртуелно место за состаноци каде ќе овозможи размена на потенцијални соработки и идеи за претставници од следните сектори:
  • Градежништво, градежни материјали и електрична опрема
  • Пластика и пакување
  • Хемиски производи
  • Производи од хартија
  • Храна и пијалаци
  • ИТ услуги
  • Фармација, здравствена грижа и медицинска опрема
Зошто да се учествува:
  • Претходно договорени средби со избрани потенцијални партнери
  • Можности за иницирање на меѓународна соработка
  • Размена на искуства со компании од Катар и европски земји
  • Состаноци и размена на мислења со експерти од индустријата
  • Воспоставување на технолошка и деловна соработка
  • Поддршка за проширување на меѓународен пазар
  •  Пристап до знаење за нови технологии и решенија
 
Како да се регистрирате: https://matchmaking.qdb.qa/
Состаноците ќе се одржуваат виртуелно и ќе бидат договорени однапред преку оваа веб-страница.
Учеството на настанот не се наплаќа. 

Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891