Textile Fashion Tech е виртуелен настан со меѓународен формат кој овозможува склучување на деловни договори во рамките на модната и текстилната индустрија.
Дата:
02-06.11.2020

 
Пронајдете го вашиот деловен партнер денес! Пријавете се за виртуелни состаноци.
 
Во време кога состојбата е несигурна низ целиот свет предизвикана од пандемијата и развојот на КОВИД-19, ви нудиме можност за проширување на вашиот бизнис преку виртуелни состаноци со деловни партнери од Европа.
 
Textile Fashion Tech е платформа што ги поврзува компаниите/дизајнерите кои бараат партнери за производство со производители, даватели на услуги и добавувачи во текстилната и модната индустрија. Настанот ќе биде реализиран од 02-06 ноември 2020 виртуелно овозможувајќи состаноци помеѓу купувачи и добавувачи.
 
Зошто да учествувате:
  • Проширете ја вашата мрежа и истражете нови деловни можности
  • Проширете го знаењето за вашата компанија меѓу потенцијалните деловни партнери и следете ги најновите модни трендови
  • Можност до нови меѓународни пазари и проширување на вашите деловни можности
  • Зголемување на извоз и увоз со можности за стекнување на нови клиенти
 
Претставници од следниве категории се поканети да учествуваат на виртуелниот настан за вмрежување:
  • Производители во текстилната индустрија
  • Трговци на мало
  • Трговци на големо
  • Ланец на продавници
  • Дизајнери
  • Надворешни трговски друштва
  • Претставници на модни медиуми
  • Претставници на секторски здруженија
 
Како да се регистрирате: https://matchmaking-event-food-industry-and.b2match.io/
Состаноците ќе се одржуваат виртуелно и ќе бидат договорени однапред преку оваа веб-страница. 
 
Учеството на настанот не се наплаќа. 

Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891