Придружете се на најголемиот ИТ виртуелен онлајн настан
Дата:
12-13.11.2020
 
 
Меѓународниот конгрес ITAPA 2020 е најголемиот ИТ конгрес што се одржува во Република Словачка. Оваа година се реализира 19-то издание, овозможувајќи одлична можност да склучите нови деловни контакти и договори.

Главни теми:
  • е-влада
  • Сајбер безбедност
  • Финансирање на дигитализацијата
  • Градови на иднината
  • Паметна индустрија
  • Дигитално здравство
 
Зошто да учествувате:
  • Запознајте квалификувани компании и создадете соработки
  • Проширете го знаењето за вашата компанија меѓу потенцијалните деловни партнери
  • Можност до нови меѓународни пазари и проширување на вашите деловни можности
  • Пронајдете квалификувани европски добавувачи и партнери за да разговарате за нова технологија и иновативни решенија за време на ефективни состаноци еден на еден
  
Како да се регистрирате: https://itapa-b2b-2020.b2match.io/
Состаноците ќе се одржуваат виртуелно и ќе бидат договорени однапред преку оваа веб-страница. 
 
Учеството на настанот не се наплаќа. 

Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891