Дата: 11.05.2021 – 12.05.2021


Меѓународен Б2Б виртуелен настан за засегнатите страни од Jадранско-јонскиот регион, со можности за деловна, технолошка и проектна соработка во Синиот раст, поврзување на регионите, квалитетот и заштитата на животната средина и одржливиот туризам. Б2б настанот е организиран од членовите на Enterprise Europe Network во текот на првиот ден на 6-тиот форум на ЕУ Стратегијата за Jадранско-јонскиот регион (EUSAIR), под претседателство на Република Словенија, со поддршка на EUSAIR Facility Point и во тесна соработка со Европската комисија. Настанот вмрежување ги обединува мали и средни претпријатија, истражувачки институти, универзитети, развојни организации, кластери и здруженија и други организации од 9 земји на ЕУСАИР (Италија, Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Македонија, Грција и Албанија).
 
Ова е единствена можност да генерирате нови деловни и технолошки контакти, како и да планирате нови проектни соработки за претстојните отворени повици во рамките на новите прекугранични, регионални и централизирани програми на ЕУ за следната финансиска перспектива 2021-2027.
 
Теми кои ќе бидат адресирани:
  • Син раст
  • Поврзување на регионот
  • Квалитет на животната средина и заштита на животната средина
  • Одржлив туризам
 
Зошто да се учествува?
  • да се запознаете со нови деловни производи/услуги и технолошки решенија на пазарите во Јадранско-јонскиот регион
  • да се најдете квалификувани европски добавувачи за време на ефективни состаноци кои се организираат виртуелно еден на еден
  • да најдете деловни/технолошки партнери за да разговарате за новата технологија и иновативните решенија што треба да се воведат на пазарот
  • да стекнете проектни партнерства за заеднички развој на проектни идеи во предлози на проекти за претстојните отворени повици на ЕУ
 
Како да се регистрирате: https://b2beusair-forum-2021.b2match.io/ Состаноците ќе се одржуваат виртуелно и ќе бидат договорени однапред преку оваа веб-страница. Учеството на настанот не се наплаќа. 
 
Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891