Жените претприемачи во срцето на Европскиот зелен раст и дигиталната трансформација
 
Enterprise Europe Network - Македонија (EEN-M) во соработка со WEgate  (https://wegate.eu/) платформата на Европската комисија за поддршка на женското претприемништво  организираат б2б настан за вмрежување во рамките на WEgate Годишниот самит 2021, што ќе се одржи како виртуелен настан на 07-ми октомври 2021 година. Настанот претставува уникатна можност за жените претприемачи и организациите кои работат на полето на  женско претприемништво да воспостават соработка со бизнис партнери и соработници од цела Европа.
Самитот WEgate 2021 година ги слави и поддржува жените претприемачи со трансформативни идеи! Фокусот е на тоа како женските претприемачи можат да имаат корист од зелената и дигиталната трансформација преку интерактивен и ангажирачки настан кој ќе ги сподели перспективите од нашата европска заедница. Самитот ќе ги прикаже успешните жени претприемачи и нивните модели за во иднина, како и ќе ги истакне европските политики и стратегии за финансирање кои имаат за цел да ја направат Европа поодржлива, дигитална и инклузивна.
За своето второ издание, WEgate Summit оди целосно виртуелно: еден ден инспиративни приказни, иновативни идеи и искуства и вмрежување со неверојатни жени претприемачи низ Европа и пошироко!
Целта е да се создаде вистинска заедница која ќе ги здружи силите за справување со деловните тешкотии и ќе ги постави темелите за успешно претприемачко патување на жените низ Европа.
Зошто да учествувате:
  • Да стапите во контакт со различни експерти од областа на женското претприемништво, да ја проширите  својата меѓународна мрежа на контакти и да воспоставете значајни партнерства;
  • Да запознаете други жени претприемачи, но и организации во полето на женско претприемништво, да пронајдете потенцијални деловни партнери со учество на однапред закажани еден-на-еден состаноци;
  • Да се инспирирате и мотивирате, како и да научете за програмите за поддршка и добрите практики;
  • Да ги истражите можностите за раст на вашиот бизнис  на меѓународно ниво.
 
Учеството на виртуелниот настан вклучува:
  • Персонализиран распоред на состаноци (претходно договорени 20-минутни онлајн еден-на-еден состаноци)
  • Информативен пакет обезбеден на денот на настанот
  • Деловна помош од партнерите на Enterprise Europe Network пред, за време и по настанот.
 
Како да се регистрирате: https://wegate-summit-2021.b2match.io/home
Состаноците ќе се одржуваат виртуелно и ќе бидат договорени однапред преку оваа веб-страница.
Учеството на настанот не се наплаќа. 
 
Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891