Дата: 02.12.2020
Не пропуштајте шанса да разговарате директно со идниот деловен партнер!
 
Оваа година се нуди можност за учество на виртуелен настан за вмрежување Match4Industry Business Matchmaking Event, кој овозможува реализација на состаноци од удобноста на вашата канцеларија или дом.

За кои сектори е наменет овој настан:
  • Автомобилска индустрија
  • Хемиска индустрија
  • Градежништво и градежни материјали
  • Енергија
  • Животна средина
  • Комуникациски технологии
  • Метал и машини
  • Пластика и гума

Зошто да учествувате:
  • Претходно договорени средби со избрани потенцијални партнери
  • Можност за иницирање меѓународна соработка
  • Откривање на нови пазари и деловни можности во Турција и пошироко
  • Пристап до знаење за нови технологии и решенија и/или нови производи
Вклучени услуги: Превод од англиски на турски и од турски на англиски јазик

Како може да се учествува?
Заради состојбата со КОВИД-19, состаноците ќе се одржуваат виртуелно.
Датум: 02 декември 2020 година
 
Заинтересираните лица кои сакаат да учествуваат на овој настан се поканети да се регистрираат на платформата на овој линк https://match4industry-2020.b2match.io/
Настанот ќе биде организиран преку платформа за закажување и одржување на состаноци/видео конференции за кои не ви е потребен дополнителен софтвер, туку само ажуриран веб прелистувач, микрофон и веб-камера.
 
Учеството на настанот не се наплаќа. 

Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891