Дата25 - 28 август 2020 
ЛОКАЦИЈА: Виртуелен настан преку онлајн платформа: https://gamesmatch2020.b2match.io/   


Одлична можност за виртуелни средби со идни бизнис партнери и инвеститори овозможена преку виртуелен настан за вмрежување на компании. Поради ситуацијата со пандемијата, настанот “Gamematch 2020” кој се организира по 8ми пат ќе биде реализиран како виртуелен настан за вмрежување, овозможувајќи состаноците на потенцијалните партнери да бидат реализирани преку видео повик.
 
Целна група се девелопери за игри, издавачи, инвеститори, даватели на услуги поврзани со игри, универзитети и институти за истражување, како и компании заинтересирани за гејмификација.
 
Зошто да учествувате
  • Пронајдете ги потенцијалните деловни партнери со однапред закажани состаноци лице в лице
  • Иницирајте прекугранични контакти и соработка
  • Добијте лесен пристап до девелопери за игри, издавачи и универзитети и институти за истражување во тематски фокус.

Како може да се учествува?
Заинтересираните лица кои сакаат да учествуваат на овој настан се поканети да се регистрираат на платформата на овој линк https://gamesmatch2020.b2match.io/   
Настанот ќе биде организиран преку платформа за закажување и одржување на состаноци/видео конференции за кои не ви е потребен дополнителен софтвер, туку само ажуриран веб прелистувач, микрофон и веб-камера.
 
Учеството на настанот не се наплаќа.

Контакт лице:
Емилија Андонова

emilija.andonova@mir.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891