Дата30 март – 31 декември 2020  
ЛОКАЦИЈА: Виртуелен настан преку онлајн платформа: https://care-industry-together-against-corona.b2match.io/

Тековната криза COVID-19 активираше многу иницијативи во светот за поддршка и помош на оние кои имаат потреба, претежно на регионално ниво. Сепак, сите ние се соочуваме со исти предизвици и бараме решенија со цел да го поддржиме целиот здравствен сектор.

Платформата „Грижа и индустрија заедно против КОРОНА“ има за цел да ги собере сите различни чинители во Европа, и преку можност на нивно вклучување да овозможи креирање на профили преку кои ќе се реализираат: понуди и барања; споделено знаење и пристапи;  прегледи на прилагодена поддршка во вашиот регион.

Ве покануваме да учествувате на оваа платформа, да изберете теми за кои имате или ви треба решение, и да пронајдете партнер. За секој регион може да најдете и организации за поддршка на пазарот.

Теми
Потрошувачки производи (превенција/дијагностика/третман/рехабилитација)
Дијагностика (биомедицинска/медицинска технологија
Опрема за итни случаи и спасување
Болница и опрема за нега
Хигиена, стерилизација, дезинфекција
Лабораториска технологија
Физиотерапија
Терапија и физикална медицина
Мерки и поддршка на Корона
 
 

Како може да се учествува?

Заинтересираните лица кои сакаат да учествуваат на овој настан се поканети да се регистрираат на платформата преку следниот линк: https://care-industry-together-against-corona.b2match.io/  
Учеството на настанот не се наплаќа.

Контакт лице:

Емилија Андонова

emilija.andonova@mir.org.mk

Телефон: +389 (0) 2 3108891