Дата: 01 - 02 октомври 2020 
ЛОКАЦИЈА: Виртуелен настан преку онлајн платформа: https://international-b2b-leap-summit-2020.b2match.io/  
   
LEAP Summit 2020  претставува меѓународна конференција која спојува повеќе од 3.000 учесници од 40+ земји: претприемачи, млади професионалци и лидери кои го менуваат светот на едно место за да учат и да се поврзат заедно со цел да најдат решение на најитните предизвици на нашето време.
 
Како може да се учествува?
Фокусот на конференцијата е на мултидисциплинарни теми поврзани со претприемништво, иновации, дигитална технологија, модерни трендови и инспирација.
Брокерскиот настан е отворен за кој било од следниве претставници кои сакаат да воспостават соработка со странски партнери и да си овозможат пристап до нови пазари: старт ап компании, мали и средни компании, инвеститори, кластери,  студенти, универзитети и истражувачки институции, претставници од институции, креатори на политики
Како да се регистрирате: https://international-b2b-leap-summit-2020.b2match.io/
Настанот ќе биде организиран преку платформа за закажување и одржување на состаноци/видео конференции за кои не ви е потребен дополнителен софтвер, туку само ажуриран веб прелистувач, микрофон и веб-камера.
 
Учеството на настанот не се наплаќа. 

Контакт лице:
Емилија Андонова

emilija.andonova@mir.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891