Тримесечен менаџмент коучинг „Лидерство на 21 век“

ЛОКАЦИЈА: Онлајн (ZOOM платформ)
 
ВРЕМЕ: секој понеделник од 10:00 до 11:45 часот
 
ПОЧЕТОК: 11 април 2022 година
 
ЦЕЛНА ГРУПАсопственици на стартап и мали и средни претпријатија, менаџери на компании, раководители на сектор, проектни менаџери

 
ОПИС

 
Потребата да се биде конкурентен, продуктивен и иновативен во време на интензивни промени е предизвик на 21 век. Интензивните промени имаат и негативно влијание врз животниот стил на многумина. Наместо вгнездување во комфор-зона, таквата динамика бара постојано прилагодување кое не го засега само менаџментот на компаниите туку и вработените.  
Стресот кој произлегува од потребата постојано да се прилагодуваме на промени негативно влијае врз продуктивноста. Луѓето кои се под стрес ја трошат енергијата и ресурсите на справување со него, а не на креација, иновација и продуктивност.  
Целта на овој тримесечен тренинг е да се мобилизираат ресурсите на личноста, главно менаџерите кои носат одлуки, кон позитивно прилагодување на промените и начин на управување кој ќе донесе конкурентска предност во 21 век. Преку поттик и развој на хуманите вештини да се максимизира човечкиот потенцијал во насока на креација и мотивација.  Учесниците на тренингот ќе ги зајакнат личните капацитети, нивните хумани вештини како идни креатори на хумани корпоративни средини резилиентни кон промените и со капацитет да го извлечат најдоброто од своите вработени кон зголемување на продуктивноста и развојот.
 
ПРОГРАМА
 
Тренинг програмата се состои од 12 работилници групирани во 6 модули на следниве теми: 
 
Модул 1: Предизвици на 21 век и поставување цели
 
1. Корпоративен идентитет и вредности - Бизнис планот како алатка
  • Подигнување на свеста за корпоративниот идентитет и вредностите што ги рефлектира компанијата/организацијата.
  • Бизнис планот како навигациска алатка. 
2. Од визија до план - алатки за поставување цели 
  • Целно насочено размислување и делување - од „големата слика“, кон оперативен план.
  • Алатки и критериуми за поставување цели.

Модул 2: Ефективна комуникација 
 
3. Комуникација насочена кон цели 
  • Придобивки од корпоративна комуникациска култура насочена кон цели.
  • Фидбекот како алатка за ефективна комуникација.
4. Комуникација на вредностите со јавноста  - Себе-брендирање 
  • Комуникација со јавноста, на брендот, вредности, стратешки цели и информации.  
  • Градење автентичен имиџ и позиционирање.
 Модул 3: Конфликт менаџмент
 
5. Групна динамика - како до кохезијa
  • Разбирање на групната динамика, формирање и функционирање на тимови.
  • Профили на вработени и детектирање на потенцијални конфликтни точки.
6. Решавање на конфликти во работна средина 
  • Што е мобинг, прикриена и отворена агресија.
  • Градење позитивна работна атмосфера.  
  • Методи за решавање на конфликти
Модул 4: Емоционална интелигенција
 
7. Хумани вештини како конкурентска предност
  • Емоционална интелигенција како фактор на успех.
  • Хумани вештини како конкурентска предност во 21 век. 
8. Преку грижа за себе, до грижа за заедницата и корпоративен развој
  • Преку грижа за себе до благосостојба на компанијата.
  • Позитивно лидерство како фактор на мотивација кон продуктивност. 

Модул 5: Резилиентни компании

9. Стрес менаџмент и лидерство во време на промени      
  • Разбирање на стрес-механизмот и алатки за стрес менаџмент.
  • Резилиентност на компанијата и модели на управување што ја поддржуваат.
10. Моќта на личните ресурси
 
  • Резилиентноста како фактор кон благосостојба.
  • Од работна средина кон креативна заедница. 

Модул 6: Медиа тренинг за менаџери
 
11. Себе-изразување и комуникација на вредности
  • Комуникациска стратегија за себе-изразување.
  • Дигитални и традиционални медиуми, предности и недостатоци.
12. Подготовка за јавен настап
  • Подготовка за јавно говорење (презентации во тимот и во појавување во јавност)
  • Подготовка за интервју/прес-конференција/дебата.
 
ЗА ТРЕНЕРОТ 
Ида Протугер е сертифициран лајф и бизнис коуч која живее и работи во Виена, Австрија. Дипломирала психологија на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Ида има повеќе од 20 години кариера во новинарството, главно на уреднички позиции во повеќе електронски и печатени медиуми, меѓу кои и авто и водител на дебатната емисија „Маркет 168. Кариерата ја почнува во новинската агенција МИА, а потоа работи и во Канал 5, Дневник, Алфа ТВ и неделникот Граѓански. 
Од 2015 година живее во Виена каде се сертифицира за лајф и бизнис коуч. Има повеќе од 1.000 часови искуство во индивидуален коучинг и бројни тренинзи, главно за екс-пат заедницата во Австрија. Нејзина професионална база е хуманистичката психологија која се фокусира на позитивниот човечки потенцијал. Фокус во нејзината работа како бизнис коуч е создавање услови за максимизирање на човечкиот потенцијал што ќе доведе до зголемување на продуктивноста и ефикасноста на компаниите, преку работилници главно наменети за лидери и менаџмент.
Ида Протуѓер е избрана за една од најдобрите 10 тренери во Виена!

 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови