Конференција: „Спортски туризам – клучни аспекти и можности за развој“

ПСМ Фондација, ги поканува сите засегнати страни на конференција на тема „Спортски туризам – клучни аспекти и можности за развој“, на 26-ти ноември, со почеток од 12.00ч, во „Конак“ - Попова Шапка.

Конференцијата има за цел да развие нови партнерства кои ќе влијаат врз креирањето и прилагодувањето на практиките и политиките во спортскиот туризам, со институциите одговорни за планирање и развој на нови идеи преку примена и реализација на нови бизнис модели. Дополнително, конференцијата цели да мотивира воспоставување на практика на „лабораторија на иновации“ во спортскиот туризам, да се разменат добри практики и промовираат активностите и резултатите од учењето пред разни чинители во земјата. Идејата е да се поттикнат идните претприемачи од спортски туризам да се промовираат програмите за доживотно учење на наставници, обучувачи и спортски тренери, преку унапредување на нивните претприемачки вештини за развивање на иновативни бизнис модели за одржлив спортски туризам.

Ги покануваме сите засегнати страни во делот на спортски туризам да се вклучат на настанот – спортски професионалци, спортски менаџери, спортски волонтери, туристички оператори и професионалци, тренери, локални национални чинители, спортски клубови и федерации, итн.

Регистрација за конференцијата.

Превозот од Скопје до Попова Шапка и назад е организиран и бесплатен за учесниците (поаѓање од Скопје на 26.11.2021, во 10.00ч).

АГЕНДА
12.00 – 12.10 Регистрација на учесници  
12.10 – 12.30 Официјално отворање:
Унапредување и промоција на спортскиот туризам со цел одржлив и пристапен туризам
Софија Цали –
ПСМ Фондација
12.30 – 13.00 Подобрување на претприемачките вештини за развој на нови меѓусекторски професионални профили Проф. Ана Здравковска Илиевска –
МИТ Универзитет
13.00 – 14.00 Креирање на нови бизнис модели за одржлив спортски туризам Надица Јовановиќ – “The voice of the mountain”
Миле Јовановски – “Prespa Blue”
Борче Стојчевски – “Hike it, bike it Apple eat”
14.00 – 15.00 Коктел и вмрежување  

Активноста се реализира во состав на проектот EN ROUTE, кофинансиран од Еразмус+ програмата.
Повеќе информации на: 02 3103 660, contact[AT]yes.org.mk.


 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови