Повик за менторство на компании за подобрување на енергетските и еколошките перформанси

Фондација за Претприемачки сервис за млади објавува повик за компании за учество на менторски сесии со искусни консултанти во областа на циркуларна и зелена економија, со цел поддршка во подобрување на енергетските и еколошките перформанси, зајакнување на капацитетите на вработените, јакнење на капацитетите за развој на позелени бизнис модели во линија со новите трендови и барања.

Активноста ќе вклучи 10 компании кои ќе добијат по 3 бесплатни менторски часа за унапредување на нивните процеси и услуги во насока на подобрување на управувањето со ресурси и енергетска ефикасност во нивната работа.

Компаниите во соработка со менторите ќе имаат можност да го подобрат нивното работење, преку анализа на потребите, користење на соодветни алатки, со цел намалување на трошоците и подобрување на нивната конкурентност на пазарот.

Сите заинтересирани компании се поканети да ја пополнат формата за апликација најдоцна до 20 октомври. Селектираните учесници ќе бидат дополнително контактирани.

За повеќе прашања и информации контактирајте не на contact[AT]yes.org.mk и 02 3103 660.
 
Поддржано од Град Скопје, имплементирано од ПСМ Фондација.


 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови