Недела за старт ап бизниси и мали и средни претпријатија 22-25 јуни 2021

Од 22-25 јуни 2021, Центар за климатски промени организира настан „Недела за Старт-ап бизниси и мали и средни претпријатија“, во рамките на проектот „Зголемување на иновативните бизниси поврзани со море, животна средина и земјоделство и ИТ – (IBiSEAit), финансиран од ЕУ преку ИПА програмата за прекугранична соработка Грција-Македонија 2014-2020. Повеќе информации за проектот https://ckp.org.mk
 
Целта на настанот е да ги потенцира можностите и условите за отпочнување сопствен бизнис, финансиските можности за малите и средни претпријатија (МСПа), да  ги промовира резултатите од проектот,  да овозможи дискусија за проблемите на старт – ап компаниите но и МСПа, но истовремено и да претставува можност да се слушнат успешните приказни од веќе постоечките старт-ап компании и МСПа.
 
На настанот ќе учествуваат мали и средни претпријатија, старт-ап компании, но и млади лица кои штотуку завршиле со образовниот процес и се исправени пред предизвиците за вработување.
 
Настанот се организира онлине преку ЗООМ платформата и за да учество потребна е регистрација на следниот линк или на следната е-маил адреса: centarzaklimatskipromeni@yahoo.com, најдоцна до 21.06.2021 година.
  
Агенда за настанот може да се превземе тука. 

 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови