Kонкурс за ангажирање на технички асистент

Фондација за Претприемачки сервис за млади распишува конкурс за ангажирање на технички асистент на определено време според потребите на проектот „Интелигентен прекуграничен акселератор за иновативни ИКТ стартапи“
 
Потребни квалификации
Високо образование или завршени постдипломски студии во областа на економијата или правото (предност ќе имаат кандидатите со завршени постдипломски студии)
Најмалку 5 години работно искуство во сферата на невладиниот сектор
Најмалку 5 годишно искуство во дизајн, имплементација и евалуација на донаторски проекти
Искуство во поддршка на мали и средни претпријатија (МСП)
Одлично познавање на англиски јазик
Познавање на MS Office програмите и Интернет
 
Главни задачи и одговорности
Финансиски менаџмент на проектот
Помош при координација на активностите на проектот
Помош при подготовка на процедури за набавки за потребите на проектот
Организација на обуки и настани за потребите на проектот
Подготовка на програми за настани
Подготовка на материјали за објава на веб страната и социјалните медиуми на проектот
Одржување контакти и градење мрежа на МСП, граѓански организации и останати стеикхолдери
 
Профил на личноста
Самоиницијативност
Одлични способности за планирање и организирање
Комуникациски способности
Тимски работник
Способност за работа под притисок и кратки рокови
 
Вашата професионална биографија на англиски или македонски јазик испратете ја на info@yes.org.mk со назнака „За оглас проектен советник“ или да ја доставите лично, во просториите на ПСМ Фондација, на адреса 16та Македонска Бригада 13б, 1000 Скопје, најдоцна до 31.12.2019.
 
Напомена: Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.
 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови